Чајот и лимонот не е лековити за сите, туку можат и да се штетни за некого. Овие луѓе треба целосно да ги отстранат од своето мени

Иако некои видови храна и пијалаци во принцип се многу здрави, тоа не се однесува на сите луѓе. На некои дури им штетат, па треба и да се отстранат целосно.

Чајот и лимонот на пример, иако постојано се посочуваат како лековити за разни состојби и болести, не треба да ги употребувате ако имате хиперактивен мочен меур или страдате од инконтиненција, зошто можат да ја влошат таа состојба.

Студија спроведена во Америка покажа дека дури 40 проценти од жените имаат хиперактивен мочен меур, додека овој проблем влијае само на околу 25 проценти од мажите. Овој проблем не е само во тоа колку често мора да го испразнат мочниот меур, туку влијае и на сексуалниот живот, па и на менталното здравје.

Храната и пијалоците влијаат на мочниот меур повеќе отколку што мислиме. Освен чајот, луѓето кои имаат вакви проблеми, треба да ги отстранат од своето мени и овошјето .Дури и здраво овошје, лимони, портокали, ананас и други агруми може да го иритираат мочниот меур. Киселината во нив може да ги иритира sидовите на уринарниот тракт. Нив им штетат и доматите, како и газираните пијалаци.

Слични Вести
Menu