Годината зад нас беше тешка, сите се чувствуваме како да ни снемува енергија и работиме на „резерви“. Новата година како и обично ја почнуваме со желби да ни биде среќна. Но, како да ја постигнеме среќата.
Нашата среќа, успех и благосостојба зависи од тоа како управуваме со нашата животна енергија, вели рускиот психолог Михаил Лабковски. Тој опиша типични работи кои секојдневно ја „голтаат“ нашата животна енергија, како и начини да ги надминеме еднаш засекогаш!
Ја губиме силата кога:
Велиме „да“ и сакаме да кажеме „не“
Се смееме, наместо да плачеме
Не се одмараме доволно
Се принудуваме да издржиме нешто, наместо да се прашуваме „зошто го толерирам ова“?
Ние се навредуваме, наместо да кажеме што не мачи
Не си ја работиме својата работа. Постојано зборуваме за политика, сметки, корона, сообраќаен метеж .Озборуваме, зборуваме со многу емоции за тоа како живее некој друг. Работиме неинтересна, здодевна работа
Се плашиме
Чекаме некој да дојде и да ги промени нашите животи
Се критикуваме дека сме неспособни, безвредни и несреќни

И ќе добиеме моќ ако замениме една од ставките од првата листа со една од овие:
Се здобиваме со ново знаење
Ги надминуваме стравовите
Пробуваме нешто ново
Одиме, бесцелно, од задоволство
Поминуваме време со луѓе кои не поддржуваат и веруваат во нас
Го расчистуваме просторот во кој живееме
Го расчистуваме нашиот емотивен простор – само запомнете како се чувствувавте кога успеавте да простите некому или да му кажете „збогум“?
Велиме „не“ кога мислиме така, „да“ кога навистина сакаме да го кажеме тоа
Почнуваме да правиме што сакаме!