Ако нешто ја одбележаа 2020 година е секако социјалната дистанца. Едвај помина еден ден од крајот на март некој да не потсети да држиме дистанца, да ги миеме рацете и да носиме маски.
Американската компанија SimpleSafe, позната по решенија за безбедност во домот, дизајнираше џемпер за одмор за социјално растојание.
Прототипот што го покажаа на видеото е опремен со LED светла и мали звучници и термални камери. Кога некој се приближува до лицето кое го носи џемперот на растојание помало од два метра, светлата се вклучуваат и се огласува аларм. Топлинските камери поставени на џемперот ја следат температурата на околината, а кога алгоритмот ја препознава топлината на човечкото тело на помалку од два метра, се активираат светлосните и звучните сигнали.
Џемперот е замислен како „креативен ПР“, нагласуваат на Cnet, а компанијата дистрибуирала вакви празнични џемпери на одреден број луѓе.
Се надеваме дека работите како блузи за далечина наскоро ќе станат само дел од грдото минато а не мода која ќе ја одбележи 2021 година.