Оваа супстанција го поправа пукнатото стакло од мобилниот телефон за 20 минути

Научниците најдоа решение за пукнатите и скршени екрани од мобилните телефони.

Два тима истражувачи од Јужна Кореја објавија дека нашле решение за проблем што мачи милиони луѓе ширум светот – испукани екрани за мобилни телефони

Експертите од Корејскиот институт за наука и технологија при универзитетот Јонсеи успеаја да развијат полимер што може да се вгради во ЛЦД-екраните, како што се оние инсталирани на паметни уреди, и кој е способен да ги поправи пукнатините.

Го враќа телефонот во првобитна состојба во рок од 20 минути.

Научниците објавија дека користеле супстанца добиена од ленено масло, која може да се врати во првобитната состојба под УВ-светло во рок од 20 минути, или на собна температура во рок од 12 часа.

Како што објаснија, научниците создадоа полимер кој содржи микрокапсули со ленено масло во комбинација со силикон. Полимерот потоа се претвори во заштитен слој што може да се нанесе на екранот на паметниот телефон.

Кога се појави оштетување, микрокапсулите пукаат и ги пополнуваат пукнатините, поправајќи го оштетениот екран.

Слични Вести
Menu