Животот не е сапуница: нема да ја препознаете Линда Еванс, ѕвездата од култната серија “Династија”

Серијата „Династија“ уште на почетокот на емитувањето во 1982 година стана мамка за повеќе од 150 милиони гледачи  ширум светот. Оваа тв серија им ја отвори вратата на денешните тв новели и многумина сметат дека само малку од нив успеваат да бидат толку успешни како оваа тв серија. Станува збор за серија која беше прва на малите екрани, која прва го воведе поимот луксуз, каде се зборуваше и за хомосексуалноста и за пластичните операции, а внимание привлекуваше поради интригантната приказна, раскошниот ентериер и атрактивните улоги. Меѓу главните улоги беше и Линда Еванс.

Веројатно не постои личност која не се сеќава на добрата, преубавата и нежната Кристл Карингтон која во наведената мегапопуларна серија за богатото семејство ја толкуваше Линда Еванс. На оваа дама со ледено-сини очи и со платинеста-блонди коса оваа серија ѝ донесе неверојатна слава, но и пет номинации и еден освоен Златен глобус, а со тоа го доби и епитетот – една од најголемите икони на поп-културата во осумдесеттите години .Кога благодарение на улогата на Кристл Карингтон актерката Линда Еванс стана вистинска ѕвезда на тв екраните,  сите ѝ предвидуваа невидена слава. Но, животот ѝ напиша поинаков роман. По култната серија Линда Еванс практичо се повлече од глумата, снимајќи само неколку незабележителни улоги и ретко појавувајќи се во јавноста ,а во приватниот живот таа преживеа бројни турбуленции.

Денес Линда има 78 години и лик во  кој речиси никој не би ја препознал популарната Кристал Карингтон. Во потресната животна исповед таа призна дека со години страда од депресија и дека честопати размислува за самоубиство. Зад ѕвездата од омилената серија од 80-те се  два разводи,смрт на едниот сопруг од леукемија, многу посети кај естетските хирурзи и конзумирање лекови и дрога. За сѐ детално и отворено Линда проговори и во книгата „Recipes for Life“.

You might also like
Menu