Диетите се секогаш актуелна тема, а особено кога ќе завршат празниците, за време на кои сите се опуштаме со побогати оброци.
Секоја година, експертите врз основа на различни параметри прогласуваат најдобри и најлоши диети. За 2020 година, тие ја прогласија медитеранската диета за најдобра, а дукан и кетогената диета за најлоши.
Секој вид диета беше оценет врз основа на различни параметри, а успехот на трпезата зависеше од тоа колку е лесно да се следи одредена диета, колку е веројатно дека диетата ќе доведе до долгорочно слабеење и, конечно, што е најважно, колку одредена диета здрав и безбеден за употреба, особено кај луѓе со хронични заболувања.

Покрај титулата за најдобра диета, медитеранскиот начин на исхрана доби награди и во други категории, како прво место во категоријата исхрана на растенија, во категорија здрави диети за лица со срцеви проблеми, како и во категорија за наједноставна диета.
Ваквите признанија не изненадуваат, бидејќи бројни студии откриле дека медитеранската диета може да го намали ризикот од дијабетес, висок холестерол, деменција, депресија и рак на дојка.
Медитеранската диета содржи многу свежо овошје и зеленчук и малку црвено месо и шеќер. Концептот на медитеранска исхрана доаѓа од земјите што граничат со Средоземното море, каде што луѓето традиционално консумираат ореви и здрави масти.
Веќе многу години, многу нутриционисти и лекари потенцираат дека ова е најздравиот начин на исхрана, а причината за тоа лежи во фактот дека диетата е претежно растителна.
Кога станува збор за маснотиите, во повеќето случаи се користи само маслиново масло, додека другите масла и путери скоро немаат никаква вредност во оваа диета.
Што се однесува до месото, тоа е помалку застапено отколку во традиционалната кујна, а најголем фокус е на рибите.
Покрај медитеранската диета, на самиот врв на листата се ДАШ диетата и флексибилната диета. Заедничка карактеристика на овие диети е тоа што тие се фокусираат на оброци полни со овошје и зеленчук, ореви, житарки и семиња.
Од друга страна, Дукан и кетогената диета се прогласени за најлоши диети и оваа година.