Во автомобил немојте никогаш да седите со зимска јакна, а еве зошто

Холандскиот автомобилски клуб „ANWB“ ги предупреди возачите да не седнуваат за воланот пред да ги соблечат дебелите јакни, зошто ризикуваат да се здобијат со сериозни повреди во случај на несреќа.

Најновите тестови на сообраќајни несреќи покажале дека дебелото палто не само што ве ограничува во возењето, туку претставува и друг сериозен ризик. Симулирана е ситуација во сообраќајот во која возрасна и детска кукла во зимска облека биле врзани со сигурносен појас во автомобил. Поради зимската облека, има простор помеѓу појасот и телото, така што појасот го сече стомакот длабоко во моментот на сопирање или удар. Ова може да предизвика повреди на меките ткива, како што се цревата, црниот дроб и слезината или да доведе до внатрешно крварење . Ризикот за повреда на органите е помал ако појасот се наоѓа поблиску до телото.– објаснуваат холандските експерти и   препорачуваат да ја соблечете јакната или да ја облечете преку појасот. Исто така, децата треба да бидат врзани на овој начин, a не на вообичаениот со јакна.

Слични Вести
Menu