Старо име, нов изглед, повеќе содржини

Lifestyle.mk  од денеска со поубав и по содржински изглед. Со старото  брендирано име, но со нов изглед и со нови теми и содржини. 

Lifestyle.mk

Со желба вам, на нашите читатели, да ви презентираме што подобри содржини и поголем спектар на теми кои ги надминуваа границите на досегашниот изглед на нашиот сајт, се одлучивме на еден одважен чекор – негово ребрендирање. Така вашиот познат   Lifestyle.mk од денеска е со поубав и помодерен изглед и со нов пристап не само кон одбирањето на содржините, туку и во начините за нивно презентирање. 

Покрај оние  содржини што досега ги читавте и за кои покажавте интерес – мода, убавина, здравје, стил на живот, шоу бизнис и живот на познатите,  во иднина на нашиот сајт ќе можете да најдете и други многу квалитетни теми од трендовски карактер, како што се социјалните мрежи и новите технологии кои станаа дел од нашиот живот. Ќе ви презентираме куќи од соништата, модерни дизајни за нивно уредување, уредување на дворот и градината, а истовремено и совети и трикови за секојдневните активности околу нивното одржување.  На нашиот сајт ќе поместеме и содржини кои веруваме ќе претставуваат ваша инспирација и ќе ве мотивираат – интервјуа со познати личности, позитивни пораки и уште многу други содржини што го сочинуваат поимот “стил на живот.” Секако нема да ги заборавиме и актуелните случувања и коментираните настани.

Искуството и доброто познавање на медиумскиот свет на новиот уреднички тим на сајтот ќе придонесе и кон одбирање и пласирање на нови содржини што ќе бидат заштитен знак на магазинот и наскоро познат медиумски бренд на овие простори.

Добредојдовте на Lifestyle.mk

Social Links

YouTube
Instagram
Telegram
Medium
Vkontakte

Контант

Fill out this field
Please enter a valid email address.
Fill out this field
Menu